Свет

Бугарскиот пратеник, Ангел Џамбазки со нацистички поздрав во европскиот парламент.

Бугарскиот пратеник Ангел Џамбазки упати нацистички поздрав за време на дебатата за пресудата на Европскиот суд со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска.

Пратеничката група „Ренесанса“ на италијанската пратеничка во Европскиот парламент, Сандра Гози го осуди однесувањето на Џамбазки и побара од претседателот на Европскиот парламент Мецола да преземе мерки.

Бранејќи ја правната држава во Европскиот парламент, Сандра Гози беше навредувана од европратеникот Џамбазки, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав.

„Сандра, ја имаш нашата целосна поддршка. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП, да преземе акција“, напиша на Твитер пратеничката група Ренесанса.

Џамбаски претходно ги нападна своите колеги во Европскиот парламент и ги бранеше владејачките партии во Полска и Унгарија, пред да ја „поздрави“ потпретседателката на ЕП Пина Пјерно, која тогаш претседаваше со пленарната седница.

„Никогаш нема да се согласиме со вашата агенда, агендата на сите оние кои сакаат да ја уништат Европа претворајќи ја во нешто друго. Да живее Фидес, Качински, Бугарија“, рече Џамбазки.

Подоцна Џамбазки на Твитер ја нарече ужасна пресудата на Европскиот суд на правдата.
Набргу потоа Пина Пјерно твитна дека веднаш го осудува чинот на Џамбаски и бара тој да биде казнет.

Европскиот парламент е жив споменик на демократијата против варварството на нацизмот, напиша таа.

Манфред Вебер, претседател на ЕПП, најголемата група во Европскиот парламент, исто така повика на санкции против Џамбаски.

„Во име на групата ЕПП, ние го осудуваме ова на најсилен можрн наќин. Ова е спротивно на она што го заговара Европскиот парламент и повикуваме на итни санкции“, напиша Вебер на Твитер

Related posts

Leave a Comment