Пит Бутиџиџ, поранешен градоначалник на Саут Бенд, Индијана, доби најмногу гласови во претседателската номинација за Демократската партија во Ајова, соопштија од партијата.
На првото гласање за кандидат на демократите кој ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, Бутиџиџ тесно го победи Берни Сандерс, прогресивниот сенатор од Вермонт.
Бутиџиџ доби 26,2% од гласовите а Сандерс 26,1 процент.
Сенаторката Елизабет Ворен освои 18 проценти од гласовите, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден имаше разочарувачки резултат, со 15,8 проценти од гласовите на делегатите.
На петтото место е сенаторката Ејми Клобушар која доби 12,3 проценти од гласовите.
Пребројувањето на гласовите од конкурсот во Ајова, што се случи во понеделникот, траеше долго заради технички проблеми .
Митинзите на кој граѓаните отворено изразуваат поддржка за еден од кандидатите кај демократите, се одржаа на 1.600 локации во Ајова.
Бројот на делегати од Ајова кои ќе гласаат за претседателски кандидат на последната конвенција на Демократската партија е 41, така што гласовите добиени од кандидатите од Ајова ќе бидат претворени во бројка на делегати.
Пит Бутиџиџ стана неочекуван предводник на трката во рамките на Демократската партија, но кој навистина е младиот демократски кандидат ? Дали е тој геј, ветеран и милениумски демократ кој ќе го победи Трамп?