Свет

,,ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА” НА ШКРГИ: Милиони луѓе во САД во опасност да бидат протерани од своите домови

Statue of Liberty of American Arkivvideomateriale (100 % royaltyfritt)  21121021 | Shutterstock

ВАШИНГТОН – Милиони Американци повторно се во опасност да останат без покрив над главата ако не можат да ја платат киријата, бидејќи мораториумот кој им забранува на сопствениците да ги исфрлаат на улица за време на пандемијата на коронавирус истекува денес, а Конгресот не го продолжи.

Врховниот суд на САД претходно одлучи дека мораториумот може да остане во сила до 31 јули, но администрацијата на претседателот Џо Бајден не ја обжали одлуката.

Се проценува дека повеќе од 3,6 милиони луѓе се изложени на ризик, кои уште во понеделник би можеле да бидат на улица доколку не ја платат киријата.

Кога стана јасно дека Конгресот нема да го продолжи времетраењето на овој мораториум, претседателот Бајден апелираше до федералните власти да ги преземат неопходните чекори и да спречат луѓето да бидат исфрлени на улица, пренесува „Глас на Америка“.

„Државите и локалните власти треба да им платат на сопствениците и оние што изнајмуваат станови средства од своите фондовии да спречат исфрлување“, се вели во апелот на Бајден.

Конгресот претходно одобри помош од 47 милијарди американски долари за федералните држави за да обезбедат пари за сопствениците што ги издаваат своите станови за време на пандемијата кога многу луѓе останаа без работа и пари.

Конгресмените потсетуваат дека федералните држави ги распределиле тие пари многу бавно и дека биле потрошени само три милијарди долари.

Бајден во четвртокот го повика Конгресот итно да го продолжи мораториумот за исселување, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси закажа гласање за петок рано наутро, но по неколкучасовни преговори, демократите не успеаја да се договорат за продолжување, а републиканците не го поддржуваат предлогот.

Според Министерството за урбанистички развој, на крајот на март, речиси 6,4 милиони домаќинства доцнеле со плаќање кирија, а на почетокот на јули, 3,6 милиони луѓе рекоа дека би можеле да останат без покрив над главата во следните два месеци.

Related posts

Leave a Comment