Македонија

Вечерва во Скопје одржан мирен протест пред седиштето на ЕУ (ФОТО+ВИДЕО)

Под мотото НЕ за ЕУтаназија на Македонија, вечерва се одржа мирен протест пред седиштето на мисијата на ЕУ во Скопје.

Пред околу триесеттина граѓани, од страна на Зоран Јованчев, претседавачот со претседателството на политичката партија Родина Македонија, беше прочитано протесно писмо до ЕУ, во кое јасно се потенцираше дека ЕУ води во континуитет геноцидна политика спрема Македонците и дека сите преговори со ЕУ се нелегитимни бидејќи ја прекршуваат волјата на Македонскиот народ кој на 30ти септември 2018та јасно кажа НЕ за ЕУ; НАТО и Промена на името.

Нашиот пат е онаму каде што шест седмини од светот се движат, а тоа е БРИКС и Евроазискиот Економски Сојуз, каде што Македонија ќе влезе со своето исконско име и како Македонски народ, се вели во писмото.

Родина Македонија објави почеток на собирање потписи за влез на Република Македонија во БРИКС и Евроазиската Унија.

 

 

Related posts

Leave a Comment