Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска беше донесена третосомничената за случајот „Рекет“, поранешната СЈО Катица Јанева.Таа беше донена од КПУ Затвор Скопје, каде е во притвор.
Јанева која е третообвинета во случајот “Рекет“ со лисици на рацете, точно напладне како што беше најавено од полицијата е спроведена во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде во овие моменти го дава исказот.
Таа по втор пат се соочува со обвинителката Вилма Русковска, по минатомесечниот распит кога беше приведена и притворена.