Бројот на загинати од силниот земјотрес што го погоди источниот дел на Турција во петокот се искачи на 20, со 920 повредени, соопштија официјалните лица.
Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинаа во Елазиг и уште четири во соседната провинција Малатија, со разорна слика која се шири низ социјалните мрежи.
Спасувачите наидоа на страшна глетка во урнатините на една зграда. Еден постар маж и едно момче биле пронајдени прегрнати под тешки бетонски плочи, а наскоро се покажало дека се татко и син, таткото го прегрнал детето за да го заштити. До нив, наводно било пронајдено телото на друго дете.
Земјотресот, за жал, беше толку силен што и двајцата не преживеаа.Синоќа Турција беше погодена од земјотрес од 6,9 степени, а се почувствува и во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
A father who shielded himself for his children during the #earthquake in #Elazığ, Turkey. May Allah bless them 🙏 #deprem pic.twitter.com/e0OT0C7MrA
— Yusuf İşler (@yusufislereng1) January 24, 2020