Свет

Виктор Орбан и Марин Ле Пен разговараа во Париз за заканите по Европа

Hungary France Le Pen

Париз – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан разговараше со лидерката на француската десница Марин Ле Пен за заканите со кои се соочува Европа, како што е војната во Украина.

Разговорите во Париз меѓу лидерите на унгарскиот Фидес и француското Национално собрание се фокусираа и на инфлацијата и „погрешната и опасна политика на санкциите на ЕУ“, како и на „интензивирањето на мигрантската криза“, објави агенцијата МТИ.

Орбан и Ле Пен се согласија дека европските партии кои ги претставуваат традиционалните вредности мора да работат заедно за да ги заштитат земјите на континентот во опасни и воени времиња. Во соопштението на прес-службата се додава дека „ниту бирократите од Брисел, ниту левичарите“ не можеле да ги спасат Европејците и нивните семејства.

Орбан ја информирал француската политичарка и за мерките на владата во Будимпешта која ќе работи на заштита на семејствата, пензионерите, работните места и дека ќе се постави лимит на сметките за комуналии поради „продолжената војна“.

Ле Пен ја пофали одлуката на унгарската влада да воведе данок на дополнителната добивка од банките и мултинационалните компании, се додава.

 

ЕПА-ЕФЕ / ВИВИЕН ШЕР БЕНКО / КАНЦЕЛА ЗА ПРЕС НА ПРЕМИЕРОТ НА УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР

Related posts

Leave a Comment