Свет

Виктор Орбан ќе управува со Унгарија со декрет

Виктор Орбан ќе управува со Унгарија со декрет

Виктор Орбан со Унгарија ќе владее со декрет. Владејачката, односно партијата со дво третинско мнозинство во тамошниот парламент, му даде на Орбан проширени овластувања во борба против пандемијата на коронавирус.

Новите мерки, се изгласани во понеделникот со 137  гласови, наспроти 52 гласови кои не се согласуваат, немаат временски рок и подразбираат дека Орбан може да го заобиколи парламентот во измена или донесување на закон. Што всушност значи дека тој е единствениот владетел на земјата.

Регулативата предизвика критики низ целата земја и во Европа – реагираа опозицијата, групите за човекови права, но и самиот Совет на Европа, главно заради нивното неодредено времетраење.

Парламентот  остана без овластување. Орбан сега може да ја продолжи вонредната состојба во Унгарија на неодредено време, што значи дека не мора да се одржат избори.Предвидени се  затворски казни до 5 години за ширење дезинформации околу владините мерки за борба против пандемијата односно до 8, за оние кои ги кршат правилата за карантин

Related posts

Leave a Comment