Колумни

Владимир Трајковски : Кабализам и Црпковизам зачинет со групен секс понуден на Групер

Августовска жешка скопска ноќ, од врелината како катализатор до моите сетила доаѓа чуден мирис, перверзен, крвав.

Мирис на блуд, на разврат, мирис на мртви души кои живеат во тела преполни со гној предизвикан од хедонизам, од самољубие, од ГМО храна приготвена во некој од скопските ресторани со скапи менија, ресторани каде што приказната за Боки Трендичи, Зоки Кичеец и целата булумента, се раскажуваше уште во април годинава, приказна која половина град ја знаеше но никој немаше храброст јавно да ја обзнани, плашејќи се да не заврши како уставобранителите од 27 април оставени на милост и немилост и од северноцрпнатите но и од оние кои им ветија подршка за на крајот да ги измијат пилатските раце и да побараат нивна егзекуција.

Доближувајќи се до дел од зградите на инситуциите на системот, почувствував дополнителен мирис, мирис на шарени презервативи наполнети со боја кои по штетата која и ја направија на нашата мила Родина можат да се споредат со силината на атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, но со една разлика, преживеаните од двата девастирани града останаа да се нарекуваат јапонци за разлика од нас, преживеаните од куртонскиот холокауст , кој што после разорниот ефект на шарените презерватив-бомби, ни беше одземено правото да се нарекуваме Македонци и Македонија.

Сите бевме жртви на една чудна хибридна револуција, приготвена некаде далеку во некоја лабораторија за лоботомизирање на цели народи и држави низ планетава напатена.Секоја револуција во историјата се поистоветувала со некоја личност на која и се подигал монумент кој ги одразувал придобивките од револуцијата,па така ако во САД тоа е статуата на слободата, во Франција ироничниот споменик на проститутката Мариан, споменик или личност кој во себе би ги имал сите атрибути на шарената револуција кај нас, би требало да биде никој друг туку Боки 13,

Токму тој е вистински одраз на резултатите од шарената оргија. Се, за лично богатење и бенефит, макивејализам кој Црпко и остала компанија јавно го презентираат од нивното превземање на власта преку рекетирање на цела една држава и нација  со цел подолго задржување на власт, период во кој дебело ќе ги зголемат личните сметки небирајќи средства како да го направат тоа, продавајќи го дури и најсветото ; честа, угледот, името и историјата која ним како на одроди од родот воопшто не им припаѓа.

Билдање на своите тајни сметки за импресионирање на своите фризерки и штабски северџански ,,убавици”, кои за пуста ветена работа во јавниот сектор окезени прават селфија пред постерите на Црпко и на Стево Пендар, чудесно разболениот во момент кога авионот на претседателот Трајковски полетуваше на својот последен пат, селфија за импресионирање на Миле Зец, Марин, Шилежето и понекое смрдсмовско мангупче од локален карактер, кое нели и тоа сака малку да се ,,омрси”, како неговите идоли.

Се, за работичка, отишло магарето па сега ќе му мислам за самарот, нејсе не е сапун да се потроши, отишло името на државата та  јас ќе му ја мислам за мојот углед е логото со кое си се самоутешуваат овие наши убавици.Но живиот споменик на шарените, Боки 13, некој реши да го сруши, небаре е споменикот на Садам Хусеин кој во Багдад го рушеа некои други шарени, со директен пренос на СНН, со таа разлика што овој пат немаше таква медиумска покриеност од планетарен карактер туку само снимка од спроведувањето на споменикот до истражниот затвор во Шутка со лисици на рацете.Но, секое рушење на споменици од некоја револуција, автоматски значи и крај на оние кои ја извеле истата, па така нашиот Троцки олицетворен во ликот и делото на Зоран Заев многу добро го знае тоа, а знае и како заврши Троцки, убиен и предаден од своите сореволуционери.

Знаејќи го сето ова, тој се фати за последната сламка надеж, ритуална јудејска мистична моќ олицетворена преку Кабалата, надевајќи се дека новиот потпретседател на неговата партија Коста Петров (деклариран кабалист) ќе направи некоја хокус покус магија добиена од неговиот магиски рабин ментор од преку атлантикот.Очигледно молитвите на Заевиот досегашен духовен ментор дедо Наум, не помагаат.

Државното азно Зоки реши да го предаде во рацете на Нина Групер, која очигледно знае како љубоморно да чува пари, впрочем кружат приказни дека на своите вработени дотичната им исплаќала минималец, а другата половина била исплаќана на црно, на рака, за да се избегне оданочување.

Во српските медиуми протекоа  информации дека Боки го снабдувал Харадинај со млади девојки за секс оргии, нешто што дополнително ги искомплицирува работите околу аферата Рекет, затоа што знаеме колку токму Заев се гордее со блиските релации (приватни и семејни) со споменатиот Харадинај.

Следува бурен период во кој на површина ќе испливаат сите нечистотии на системот, период во кој Македонците треба гласно да кажат ,,НЕ,, на Кабализмот и Црпковизмот зачинет со групен секс понуден на Групер, период кој е од историско значење затоа што токму сега е моментот кој ќе одлучи ќе не биде како народ или не и дали сме достојни да се наречеме Македонци со големо М.

Само ние можеме да ја одредиме нашата и иднината на нашите поколенија, заборавете на оние од Бихачка и оние од белиот двор, имаа шанса 28 години да се покажат, а производот од нивните политики е Химерот со име Боки 13.

 

Владимир Трајковски

Авторот е член на И.О на Родина

 

Related posts

Leave a Comment