Здравје

Влатко Поповски : Витаминот Д клучен за организмот

Есенцијално за витаминот D

Овој текст беше насловен „Алката што недостасуваше за ИМУНОРЕГУЛАЦИЈАТА т.н. витамин D“. Весникот „Слободен печат“ на 2 септември 2020 го објави под име „Без витаминот Д целиот организам е во опасност“. Најдесно на тој лист со црвено вертикалните бројки се погрешни, фали уште една нула да биде 60 илјади, само што тоа го кажав за себе, не така како го ставиле. Не го објавија во електронска верзија, затоа го објавувам тука.

Од низа причини, таканаречениот витамин D организмот не го создава доволно и започнуваат проблемите. Како за беља, тие болно ниски вредности во крвта што масовно ги нашле кај популацијата, медицината ги прогласила за нормални и се чуди од каде болестите.

Сведоци сме на многу голем развој на науката, хемијата, техниката и технологијата, едновремено медицината потфрли. Книгите им се карикатура, правилата им се опаки, во нивната наука има повеќе грешки, слабости и недостатоци. Сега ќе се задржиме на клучната алка што недостасуваше за регулација на имуниот систем, т.н. витамин D.

Ако во една реченица сакам да објаснам десет годишно истражување за здравјето, ќе го кажам вака: „Кетогена исхрана (LCHF diet), прескокнување оброци (Intermittent fasting) и Dr. Coimbra vitamin D protocol.“ Да се применуваше ова, немаше да има заболени од вирусов, ни канцер, дијабет, автоимуни ниту неуродегенератвни болести.

Недостаток на UV-B зраци од сонцето, носење облека, не сончање, слабо производство на (под)кожната маснотија 7-Dehydrocholesterol и тргање на истата со туширањето, хемиски реакции на кожата од сапун, облека, загаден воздух, хлорирана вода, детергенти, лосиони, … шеќерната исхрана, хиперинсулинемија, оштетен организам, нарушен метаболизам и други фактори прават организмот речиси да не произведува и/или нема од што да го направи т.н. витамин D. На ова се надоврзуваат лекарства, хроничен стрес, инфекции, недостаток на други витамини и минерали, консумирање алкохол и цигари кои го попречуваат производството на истиот. Малку поопширно го опишувам ова во првите два броја „Емитер“ списание од 2019, со тоа што меѓувреме ги покачив дозите и концентрацијата во крвта.

Именуваниов не е витамин, тоа е хормон, имунорегулатор и уште десетици други нешта, регулира стотици гени и врши илјадници функции. Без него, нарушен е целиот организам. Сега, суплементацијата е задолжителна за секого, најмалку 25-100 пати повеќе од што кажува медицината, во континуитет без прекин. Тоа би значело барем по 400 IU или 10 mcg (микрограма) по кило телесна тежина на ден со полномасен ручек, од раѓање, поточно за време бременост, најдобро две години пред зачнување мајката да земала редовно. Од мноштвото функции, сега ќе спомнеме малку за мобилизирањето на калциумот и имунорегулацијата.

Храната е преполна со калциум, а популацијата го нема во себе. Тоа е заради недостаток на витаминот D, кој го мобилизира калциумот и со него не се случуваат калцификати.

Храната денешна и водата изобилуваат со калциум и немаат доволно магнезиум. Калциумот од храната може да влезе во крвотокот само со помош на витамин D. Бидејќи го немаме, организмот го зема калциумот од коските и го дава на клетките. Механизмот оди вака. Многу клетки учествуваат во градењето и одржувањето на коските. Најпознати се остеобластите и остеокластите. Замислете како остеобластите создаваат нови коскени ткива, а остеокластите ги разградуваат старите. Кога функционираат во хармонија коската ја одржуваат вечно млада. Во недостиг на калциум, организмот го покачува паратироидниот хормон, тој ги стимулира клетките за разградување и така калциумот од коските оди во крвотокот во корист на организмот, оти не може без него. Кога ова се случува патолошки, организмот си ги јаде сопствените коски и прави калцификати. Витамините D и К2(МК-7) ги стимулираат другите клетки за градба на коската и така калциумот од храната освен за клетките оди и за обнова на коските. Поради масовен и перменентен недостаток на витамин D, кај популацијата континуирано е покачен паратироидниот хормон и тие болни вредности ги прогласиле за нормални.

Автоимуните и другите заболувања се појавуваат со шеќерната исхрана и недостаток на витаминов поради урбаниот живот. Имуномодулаторите ги делам на регулатори, стимулатори и супресори.

Споменатиов е имунорегулаторот, ги стишува лошите (авто)имуни процеси и ги појачува добрите. Избегнувам да го користам терминот појачување на имунитетот, затоа што кога се користат имуностимулатори, како витаминот А, може да ги појачаат и лошите имунолошки процеси. Имуниот систем треба да се регулира, не да се појача, и тоа го прави овој т.н. витамин заедно со низок инсулин. Вирусите се дел од нашиот интегритет. Денес се кај еден, утре кај друг, кога ни е регулиран имуниот систем и не фати вирус, само ни се појачува имунитетот. Така, витаминов е лек за Ковид 19, поточно вакцина затоа што имунитетот треба да се регулира предварително.

Докторот Cicero Galli Coimbra од Бразил кој десетина години успешно лечи мултиплекс склероза и други автоимуни заболувања, со помош на овој витамин, ги поврзал овие работи и на негов портал изјавува: ” when vitamin D has reached the maximum inhibiting effect of PTH, it will also have reached its maximum immunoregulatory effect.” Кога со помош на витаминот D ќе го спуштиш паратироидниот хормон најниско што може, тогаш имунитетот ти е најдобар и на пациентите им исчезнува алергијата. Ова оди со обнова на дигестивниот систем пред сè со прескокнување оброци, ниско јаглехидратна и високо маслена исхрана и комбинација од суплементи. За ослободување од болести се користи строга кетогена исхрана, ја има под повеќе имиња, и Коимбра протокол.

Веков наназад имаше многу шпекулации и невистини за овој витамин опфатени дури и во еминентни книги. Главно е секој да знае:
1. Организмот одамна не произведува доволно т.н. витамин D, го нема ни во храната, ниту во рибиното масло. Од таму, нарушени се стотици процеси во организмот и поради масовноста им припишуваме дека се нормални или се чудиме од каде сега тоа. Дозите и референтните вредности на медицината се сосем погрешни, крајно безобразно мали и ниски. Токсичност не постои.
2. Витамин D се нарачува по интернет и се зема формата D3 – холекалциферол и тоа во маслен раствор од барем десет илјади меѓународни единици што е 250 микрограма по капсула со полномасен ручек. Избегнувајте инјекции или тврди таблети. Апсорпцијата не е целосна, патот до негово активирање има проблеми, затоа земајте поголеми количини од што ви треба.
3. Од холекалциферолот во црниот дроб се прави пасивната форма калцифедиол, па од тоа бубрезите ја прават активната форма калцитриол. Ако ова не се случува како треба, се постапува по протоколот.
4. Пасивната форма (калцифедиол) нема интеракција со организмот и не може да направи ништо лошо, но не прави ни ништо добро. Токму оваа форма најчесто се мери и со неа јавноста непотребно се застрашува. Треба да го има што повеќе за организмот да го користи и си ја прави активната форма.
5. За активната форма (калцитриол) организмот си има саморегулација и не може да се предозира, освен ако лицето има мутиран CYP24A1 ген или Вилијамс синдром. Опишувам во објавеното што во таков случај. Другите не смеат да ја прекинат или намалат суплементацијата под било какви околности. Доколку помислите дали денес сте земале, земете уште еднаш, ако вчера сте испуштиле, денес земете и за претходните денови.
6. Најважно: „Мерило за витаминот D e ефектот кој го постигнува на снижување на Паратироидниот хормон PTH intact кој треба да биде околу долна граница од референтните вредности на медицината“. Исто така мерило се лошите имунолошки одговори како Th17, IL17, mTOR , IgE и другите кои треба да бидат ниско, најниско, како и инсулинот. Со други зборови, долната граница на пасивната форма на витаминот D, калцифедиол со ознака 25(OH)D, е над 100 ng/mL (250 nmol/L) ако овие наведениве се нормални. Ако еден од овие параметри или друг автоимун процес е покачен, тогаш се зголемува витамин D дур не се регулира, и се одржува таа доза.
7. Како се зголемува суплементацијата со витамин D така се зголемува суплементацијата со магнезиум и тоа повеќе врсти магнезиум од кои барем еден што лесно ја минува крвно-мозочната бариера, и се намалува внос на сирење, храна и вода што содржи многу калциум. Третманите за болести со екстремни дози имаат цел протокол меѓу другото редовно консумирање вода/течности по 2,5 литри на ден. Спомнав, калцификатите настануваат од недостаток на витаминов, но при употреба на екстремните дози за лечење, мора сериозно да се редуцира вносот на храна со калциум да не настанат калцификати, затоа што витаминов повлекува премногу калциумот од храната во крвотокот.
8. Секако ова е придружено со полномасна исхрана, помалку шеќери познато како LCHF Diet и прескокнување оброци. Следете го Dr. Eric Berg.
9. Парадоксално е што сончањето помага во создавање на витаминов и едновремено го намалува во крвотокот. Немам точна слика зошто е тоа така, претпоставувам дека го забрзува метаболизмот и бргу се троши. Затоа суплементацијата редовно се зема дури и кога се сончате.
10. Следете coimbraprotocol.com, vitamindprotocol.com, социјалните мрежи и групи на Dr. Coimbra Vitamin D protocol for autoimmune disease, ги има на повеќе јазици.

Пасивната форма на витаминот D во крвта (калцифедиол или калцидол) сепак има доброчудна интеракција со организмот, но не таква како активната форма (калцитриол). Пасивната форма со интеракција се претвора во активна со помош на ензими регулирани од генот CYP27B1, кој ретко може да биде мутиран. Можеби десет пати помалку, но сепак помага калциумот од цревата (храната) да влезе во крвотокот и други бенефиции.

Само за активната форма телото насекаде има клетки со (витамин Д) рецептори, уште наречени NR1I1 или Калцитриол рецептор кој многу ретко може да биде мутиран.

За лекување, во комбинација со холекалциферол, може да се зема калцифедиол и/или калцитриол.

На оние што им е мутиран генот CYP24A1 и заради тоа им е нарушена саморегулацијата на активната форма, при суплементација со витамин D може да дојде до покачување на активната форма и со тоа покачување на калциумот во крвта, чувство на замор, гадење, нервоза … Ваквите се ретки и мислам дека и пред тоа покажувале некакви здравствени нарушувања.

Ги повикувам докторите Антоније Хаџи Антоновски и Александра Германова-Дaнчевска од Скопје, да ја информираат јавноста за значењето на суплементацијата со витамин D, го кажат своето искуство со Коимбра протоколот и искоментираат нешто за овој и другиот мој натпис. Тие двајца се обучени во Бразил да лекуваат по тој протокол.

Јас имам 85 кила, одамна земам по 60000 IU (шеесет илјади меѓународни единици) или 1500 микрограма (1,5 мг) холекалциферол секој ден во континуитет без прекин. Концентрацијата на калцифедиол во крвта ми е 330 ng/mL (825 nmol/L), се чувствувам и функционирам одлично. Со други зборови кажано, витамин Д внесувам секој ден 150 пати, или петнаесет илјади насто, повеќе од што едно време кажуваше медицината. Тоа е најмалата лековита доза. Пасивнава форма во крвотокот со години ми е 3-10 пати повеќе од нивните референтни вредности.

Како за илустрација, јас со гел капсули внесувам 500 милиграма или половина грам холекалциферол годишно.

Влатко Поповски
[email protected]

Related posts

Leave a Comment