Со мерката „Зелена нафта“ власта на СДСМ продолжува без срам да ги лаже граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со мерката „Зелена нафта“ власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Од оваа популистичка и неефективна мерка земјоделците нема да имаат никаква корист. Со оваа мерка СДСМ не ги решава проблемите на земјоделците. Тие имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи.Поради лаги и лошите политики во земјоделието СДСМ треба веднаш да си замине од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и нагласуваат дека кога ќе победат на предвремените парламентарни избори ќе започне ерата на реални мерки за македонското земјоделство.