Европа

Во Австрија истече рокот за седум милиони вакцини против корона

Во Австрија, поради големиот број граѓани кои се против вакцинацијата, истече рокот за седум милиони дози вакцини против коронавирусот.

Државата инвестираше повеќе од 750 милиони евра во набавка на вакцини против коронавирусот. Магацините се полни и во нив моментално има околу 22,7 милиони дози.

Сепак, седум милиони дози се истечени. Станува збор за „стари“ вакцини, односно за оние кои не се прилагодени на новиот омикрон сој BA4 и BA5.

Австриското Министерство за здравство сега се надева дека ќе спаси дел од вакцините со продолжување на рокот за администрација.

Related posts

Leave a Comment