Свет

Во Австрија казна од 3.600 евра за одбивање на вакцината

ВИЕНА – Откако австриската влада најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација, сега се познати казните за непочитување на новата обврска.

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза, пренесува Танјуг.

„Мора да се направи понуда и граѓаните да се наведат да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе мора да плати казна“, изјави министерката задолжена за уставни прашања, Каролина Едштадлер.

Таа потврди дека казните се во наведениот износ.

„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“, рече Едстадлер на јавниот сервис ORF.

Ова е уште една демонстрација на сила и кршење на правото на избор од страна на австриските власти врз своите граѓани.

Related posts

Leave a Comment