Свет

Во атентат убиен претседателот на Хаити

Јовен Моиз, претседател на Хаити со неговата сопруга

Претседателот на Хаити, Жовенел Моис, беше убиен во вооружен напад врз неговата резиденција.Моис беше убиен околу еден час по полноќ во неговата резиденција во Порт-о-Пренс, соопшти премиерот Клод Џозеф.

Напаѓачите не биле идентификувани, но било пријавено дека зборувале шпански.

Говорејќи на една локална радиостаница, премиерот Џозеф рече дека нападот е извршен од „вооружена група командоси“, која „вклучува странски елементи“.

Тој ги повика граѓаните на Хаити да останат смирени, велејќи дека безбедносната состојба во земјата е стабилна.

Сопругата на Моис, Мартина, беше ранета во нападот, пренесуваат хаитските медиуми.

Жовенел Моис (53) беше 42. претседател на Хаити и е на функција од 2017 година

Related posts

Leave a Comment