Во основното училиште Петар Здравковски Пенко, денес учениците биле држени на настава иако снемало греење.
Родителите револтирани ја обвинуваат директорката Мевлуде Елези Криези за недостатокот на суровини за огрев и велат дека од општината биле префрлени средства за истата намена.
За да биде ситуацијата уште посимптоматична, директорката наредила наставата без греење да се одржи и во наредните три дена. На овие зимски температури можеме само да претпоставуваме какви се последици може тоа да има по здравјето на децата.