И третите масовни демонстрации на противниците на задолжителните вакцинации и здравствени дозволи во Франција се одржаа во саботата и собраа 204.000 луѓе, објави БФМТВ , повикувајќи се на податоци од француското Министерство за внатрешни работи.
Wow, Paris !#manifestation31juillet #manif31juillet pic.twitter.com/LS9saXEpc2
— Anonyme Citoyen (@AnonymeCitoyen) July 31, 2021
Тоа е повеќе отколку што првично предвидуваа властите на таа земја. Во петокот медиумот „Ле Фигаро“ објавија дека полицијата не очекува повеќе од 150-160 илјади демонстранти.
3.000 полицајци и жандарми беа ангажирани да го одржуваат редот во Париз.
Масовни демонстрации се одржаа низ цела Франција, а беа најавени четири протестни маршеви одеднаш само во Париз. Нивните членови од редовите на „жолтите елеци“ извикуваа слогани традиционални за нивното движење против владата и претседателот на земјата.
Поранешната „десна рака“ на Марин Ле Пен ветува „нешто огромно“ следната сабота
Додека третата сабота од мобилизацијата против здравствените пропусници заврши вчера, водачот на Патриотите и организаторот на една од вчерашните париски паради, Флоријан Филипот, се огласи на Твитер.
Во кратка порака, поранешната десна рака на Марин Ле Пен предупреди на „нешто огромно, феноменален удар“ доколку Уставниот совет во четвртокот не го цензурира како што го нарекува „законот на срамот“, со што се официјализира спроведувањето на таков контроверзен мерка.
Le Conseil constitutionnel a intérêt à censurer la #LoideLahonte le 05/08 car nous avons prévu samedi quelque chose d’immense, un coup de force phénoménal !
Infos très vite ! 🇫🇷— Florian Philippot (@f_philippot) July 31, 2021