Македонија

Врв на понижувањата од северџаните : Чаирските Шверцери со дозвола од министерството за култура го сквернават МНТ со порака до македонците „Вие немате историја“ (Видео)

Кога ќе помислите дека севеџаните не може да смислат ништо попонижувачко од тоа што до сега ни го правеа тие не демантираат 

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните зданија во нашата држава, каде што треба да се промовира културата и уметничките вредности, се случи огромен скандал – се промовираше дивјаштво и хулиганизам.

Со извици упатени до македонците „Вие немате историја“, дивеење во салата на Македонскиот народен театар, истакнати транспаренти и недолични скандирања, навивачката група „Шверцери“ го одбележа 30-тиот роденден.

Според неофицијални информации,со дозвола на директорката на Македонскиот народен театар,  Симона Угриновска и министерот за култура,Хусни Исмаили , навивачката група својот роденден да го прослави во една од најубавите македонски културни институции.Директорката на Македонскиот народен театар, пред сè, а потоа и министерот за култура, треба и мора веднаш да сносат одговорност за скандалот што се случи во петокот навечер.

Директорката и министерот Исмаили мора да сносат одговорност одма!

Во продолжение видеата од срамниот и нецивилизиран настан

 

Related posts

Leave a Comment