Регион

Вучиќ: Не бегам од објаснување со Путин, совеста ми е чиста

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека не гледа причина зошто средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември не треба да се прави со добра волја, додавајќи дека ако нешто треба да се разјасни, тој не треба да бега од тоа.

Во Нови Сад, каде учествуваше на четвртиот Регионален форум на млади лидери , Александар Вучиќ  рече дека неговата совест е чиста.

,,Ако треба да разјасниме нешто – јас не бегам од тоа. Мојата совест е чиста како солза“, рече на прашање од новинарите што очекува од средбата со Путин и дали ќе бидат разјаснети приказните за шпионажа.

Претседателот рече дека се во тек подготовките за посета на Путин, дека се подготвува голема и сериозна делегација од Србија, затоа што е многу важно да се сретне со рускиот претседател, за кого вели дека е искрен пријател на Србија.

Тој посочува дека е претседател на Србија и дека неговата работа е да ги штити и чува интересите на Србија, што секогаш ќе го прави.

„Русија може да биде горда на пријателството на Србија со Русија и јас сакам да верувам и во пријателствоо на Русија со Србија“, рече Вучиќ.

Тој потсетува дека Србија е единствената земја што не вовела санкции кон Русија и не гласала против интересите на Руската Федерација на ниту еден форум, не сметајќи ја Кина, единствената што одржува постојани вежби со руската армија.

„Ние сме многу блиски во секој поглед“, додаде претседателот.

Вучиќ покажа документ поврзан со извозот на оружје

Говорејќи за наводите на опозицијата за извоз на оружје во Украина, Вучиќ ги негираше обвинувањата и покажа документи кои докажуваат дека во наводниот случај оружјето всушност било продадено на компанија наречена „Натан“ од Полска, дека сè е направено според закон.

Вучиќ рече дека во таа зделка учествувала „компанијата во која работи  поранешната директорка на Крушик, мајка на лажниот свиркач Обрадовиќ“.

Тој посочи дека овие документи покажуваат дека БИА го известила врвот на земјата, а Србија руската служба за можноста оружјето да не заврши во Полска.

Тој додава дека е обврска на Александар Обрадовиќ да ги достави сите докази што, наводно, ги има за нелегалната трговија со оружје од Крушик до обвинителството.

 

Related posts

Leave a Comment