Македонија

Газдата на „Еко Клуб“ повеќе не е конзул на Унгарија

УНГАРИЈА ГО ОТПОВИКА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ ВО БИТОЛА, ГАЗДА НА ФИРМАТА „ЕКО КЛУБ“ ЗА ТРАНСПОРТ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД

Сашо Јанакиевски, сопственикот на „Еко Клуб“, повеќе не е почесен конзул на Унгарија со седиште во Битола, објави СДК.

Одлуката на Унгарија следи откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави дека овој оператор несоодветно го третирак медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“.

Јанакиевски е назначен за почесен конзул на Унгарија од септември 2012 година, а неговиот „Еко клуб“ го доби тендерот за одржување на хигиената во кругот на Клиничкиот центар во Скопје во јануари 2018 година.

Related posts

Leave a Comment