Свет

ГЕНЕРАЛ ФОМИН: НАТО се подготвува за вооружен конфликт со Русија

НАТО се подготвува за вооружен конфликт со Русија, изјави рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин на брифингот пред воените аташеа и претставниците на странските амбасади акредитирани во Русија.

Воената конструкција на северноатлантскиот блок е целосно пренасочена кон подготовка за голем вооружен конфликт со Русија – изјави генерал полковник Фомин, пренесува РИА Новости.

Тој објасни дека Алијансата во своите документи, вклучително и воената стратегија од 2019 година, директно ја нарекува Русија главен извор на закани за безбедноста на коалицијата. Во исто време, истакна Фомин, сè уште е на сила Римската декларација, во која се наведува дека Русија и НАТО не се сметаат за противници. Страните тоа го потврдија на самитот во Лисабон во 2010 г.

– Целните провокации на НАТО во близина на руските граници многу веројатно ќе доведат до вооружен конфликт – нагласи тој.

Како пример го наведе обидот на британскиот разурнувач „Дефендер“ во јуни годинава да навлезе во територијалните води на Русија во близина на брегот на Крим. Во исто време, акциите на бродот на британската морнарица беа обезбедени со американскиот стратешки извидувачки авион RC-135, додаде тој.Како што истакна Фомин, интензитетот на ваквите летови во регионот на Црното Море е зголемен за повеќе од 60 проценти во однос на 2020 година, бројот на летови е зголемен од 436 на 710.

Related posts

Leave a Comment