Европа

Германија од есен повторно воведува корона мерки

Germany Tightens Restrictions for Unvaccinated Travellers

БЕРЛИН – Германската влада овој месец, планира да го подготви концептот за корона за есен  објави министерот за правда Марко Бушман во изјава за Велт ам Зонтаг.Тој рече дека маската сигурно ќе има своја улога, но не откри други детали.

Бушман посочи дека во третата година од пандемијата, мерките како што се заклучување, затворање училишта или ограничувања на слободата на движење нема да бидат соодветни.

Сепак, носењето маски сепак може да биде корисно во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Постојат различни пристапи на провинциите кон прашањето за носење маски.

Баварија, на пример, и покрај зголемениот број на новозаразени лица, во саботата ја укина обврската за носење маски FFP2 и го остави на сила само носењето медицински маски во јавниот превоз.

Во Берлин и Хамбург сè уште е задолжително носење маска FFP2 во јавниот превоз.

Пандемијата скапо ја чинеше Германија, која, според владините податоци, само за вакцини потрошила околу 6,8 милијарди евра до 2 јуни.

Според податоците на Федералната служба за социјални работи, до крајот на јуни се потрошени вкупно 46,4 милијарди евра за бесплатни вакцини, центри за вакцинација, ПЦР тестови, заштитни мерки и слично.

Related posts

Leave a Comment