Топ Вести

Германија : Уапсен македонски државјанин кој подготвувал терористички напад во име на Исламска Држава

Германија: 2 турски државјани осомничени за подготвување напад

Германската полиција уапси три лица, двајца Турци и еден Македонец, осомничени за подготовка на експлозивен напад со бомба во име на ИСИС во западниот град Офенбах.

Обвинителот од Франкфурт, Надја Нисен рече дека 24-годишното лице со потекло од Македонија, кое се обидело да произведе домашна бомба и да набави оружје преку Интернет, е главниот осомничен.

Пријавено е дека ова лице е соучесник со две лица од турско потекло а нивната возраст е на 21 и 22 години.

Германскиот обвинител, изјави дека осомничените „најверојатно“ се здружиле во име на подготвување терористички напад со цел убиство на цивилно население.

 

Related posts

Leave a Comment