Германски војник и даде ултиматум на својата влада до денеска во 16 часот да ги повлече сите мерки против коронавирусот и да се оттргне од евентуалното воведување на обврската за вакцинација.
Тој се закани дека ќе има мртви тела по полињата
A Bundeswehr soldier gave the German government an ultimatum until today, 16:00, to withdraw all corona measures and step back from a possible vaccination mandate. Otherwise he threatens “bodies on the fields”.
The German defense ministry is searching for the officer. https://t.co/lHoDluTO8L— Julian Röpcke (@JulianRoepcke) December 30, 2021
Според „твитот“ што го објави новинарот и уредник на „Билд“ Јулијан Ропке, германското Министерство за одбрана трага по овој војник. Ропке пренесе видео на кое непознат војник ја кажува својата закана.
Германското Министерство за одбрана на „Твитер“ соопшти дека „на интернет кружи видео од наводен војник кој често се споделува“.
Derzeit kursiert ein Video eines angeblichen Soldaten im Netz, welches hier oft geteilt wird. Es enthält Drohungen gegen den Rechtsstaat, die nicht hinnehmbar sind. Die Konsequenzen werden bereits geprüft.
— Verteidigungsministerium (@BMVg_Bundeswehr) December 30, 2021
„Тоа содржи закани против владеењето на правото кои се неприфатливи. Последиците веќе се истражуваат“, соопшти Министерството.