Геј парадата во Гран Канарија, на која присуствуваа 80.000 луѓе од Велика Британија и од цела Европа, е под истрага откако беше поврзана со бројни случаи на мајмунски сипаници во Мадрид, Италија и Тенерифе, пишува Дејли Мејл. Централната геј прослава во Европа годинава ќе се одржи во Белград во септември.
Парадата се одржа помеѓу 5 и 15 мај. На неа присуствуваа луѓе кои подоцна беа позитивни на вирусот, а јавните здравствени служби од Канарските острови сега ги истражуваат сите врски помеѓу случаите и прославата на ЛГБТ +.
„Меѓу околу 30-те дијагностицирани во Мадрид, неколку присуствуваа на настанот, иако сè уште не е можно да се знае дали еден од нив е нулта пациентот од оваа епидемија или сите се заразиле“, изјави здравствен извор за Ел Паис.
До развојот на настаните дојде откако се испостави дека шпанските власти истражуваат и потврдени случаи на мајмунски сипаници поврзани со „сауна“ – која во Шпанија се користи за да се опишат објектите популарни меѓу геј мажите кои бараат секс, а не само за традиционалната бања.
Портпаролот на одделот потврди дека еден од Италијанците кој го има вирусот бил на Канарските острови, но негираше дека знаел дали човек од Тенерифе отпатувал таму, според извештајот на шпанската веб-страница за вести.
Уште еден Италијанец кој исто така бил на Канарските острови се заразил со вирусот. Сите тројца заразени Италијанци не се познаваат меѓусебно.
Претходно денеска, врвна британска лекарка предвиде „значително зголемување“ на случаите на мајмунски сипаници во Велика Британија во следните неколку недели, бидејќи земјата забележа 20 случаи – и повеќе од 100 се пронајдени во Европа.
Болеста, која првпат беше откриена кај мајмуните, може да се пренесе од човек на човек преку близок физички контакт – како и сексуален однос – и е предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници.
Таа за Sky News изјави дека очекува „значително“ зголемување на инфекциите следната недела.
„Она што најмногу ме загрижува е што има инфекции низ цела Европа, па веќе се прошири“, рече таа. „Веќе циркулира во општата популација… Може да има навистина значителни бројки во следните две или три недели“.
Таа, исто така, предупреди дека вирусот може да има „огромно влијание“ врз пристапот до услугите за сексуално здравје во Британија.
Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство соопшти дека значителен процент од неодамнешните случаи во Британија и Европа биле пронајдени кај хомосексуалци и бисексуалци.
Вирусот е почест во Западна и Централна Африка, но бројот на потврдени случаи во Британија достигна 20, додека девет други земји, вклучувајќи ги Шпанија, Португалија и Канада, исто така пријавија епидемии.