Свет

„ГИ ГАРАНТИРАМЕ ЖИВОТИТЕ НА СИТЕ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ“: Руската армија воведе „режим на целосна тишина“ во Мариупол, еве зошто

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го запрела огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето би можеле да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.

 

За таа цел во 14 часот беше воведен „режимот на целосен молк“, прекинати сите акции на руските вооружени сили и формациите на самопрогласената Доњецка Народна Република по целиот периметар на Азовстал, а единиците беа повлечени во безбедно растојание, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев началник на Рускиот центар за контрола на националната одбрана, пренесува Интерфакс.

Руската армија најави дека ќе го гарантира животот на сите украински војници кои ќе го положат оружјето и ќе го напуштат Мариупол по хуманитарните коридори и вети дека ќе ги почитува Женевските конвенции за постапување со воените заробеници, пренесе Интерфакс.

Related posts

Leave a Comment