Свет

ГОЛЕМ МАРШ ВО БАРСЕЛОНА Околу 350.000 луѓе прошетаа низ главниот град на Каталонија (ВИДЕО)

Барселона

 

Стотици илјади Каталонци маршираа низ улиците на Барселона како поддршка на повикот за ослободување на уапсените лидери на Движењето Самоопределување.

Демонстрациите во Барселона се одржуваат скоро секој ден од 14 октомври, кога шпанскиот Врховен суд осуди на многу години затвор деветмина политичари и активисти за нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.Според полицијата, на маршот учествувале околу 350.000 луѓе. Колоната ја предводеше претседателот на Каталонија, Ким Тор.

Организаторите на демонстрациите изразија надеж дека  во денешниот марш ќе учествуваат најголем број луѓе од изрекивањето на судските пресуди.

 

 

Голем број на демонстранти носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со пароли, како што се „Затворот не е решението“, „Седнете и разговарајте“ и „Слобода за политичките затвореници“.

Related posts

Leave a Comment