МакедонијаФБ Статуси

Горазд Росоклија : ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЛАЖЕТЕ И ЕВЕНТУАЛНО ПРЕСТАНЕТЕ ДА КРАДЕТЕ

 

Во една педа држава во која секој секого знае и секој секого кодоши, со просечна плата која е недоволна за голо преживување, десетици луѓе од врвот на општествената скала се рекетирани за милионски суми, а тоа го знаат само ,,суетниот новинар, самодефинираната уникатна сексуална појава и рекетираните?“

Го знаат и странските служби, амбасадорите, резидентни и нерезидентни но тие се небитни за постов и се надевам набргу ќестанат небитни за Македонија.

Потребен е висок степен на блесавост, да се поверува дека власта со сите служби кои и служат и со сите кодоши волонтери, ,,ништо не знаела.”

Сепак, власта знаела, според првата, седмата или седумдесет и седмата страна од пријавата на Орце Камчев, а негирањето значи едно, дека власта, поточно луѓе од врвот на власта, биле замешани како главни актери зад сцената.

Браво за младите македонски новинари кои ја враќаат довербата не само во новинарската професија туку и во македонското општество.

ФБ Статус на Професор Горазд Росоклија

Related posts

Leave a Comment