Македонија

Готово е: Мицкоски се согласил пред Брнс да не го блокира предлогот на Макрон. За возврат предвремени избори во Октомври

Неофицијално дознаваме дека американската амбасадорка Мери Брнс имала интензивни разговори со преставниците на сите парламентарни политички партии.

Акцентот се става на тензичниот разговор со премиерот Ковачевски, на кого од амбасадорката му е сугерирано да поднесе оставка од функцијата бидејќи немал поддршка од коалиционите партии во собранието, на кое што Ковачевски се сложил уверен од Брнс дека опозицијата нема да го блокира договорот со Бугарија кој официјално би требало да се потпише вечерва или најдоцна до утре напладне откако во Скопје ќе пристигне бугарската делегација на чело со министерката за надворешни.

Изворите потврдуваат дека Мицкоски и ветил на Брнс конструктивност и согласност за влегување на бугарите во уставот но прашањето за јазикот да биде оставено за некои подобри времиња.

За денес во 13 часот е најавена средба на Брнс со преставниците на политичките партии на која ќе се утврди нацрт договорот со Бугарија и отпочнување на постапка за предвремени парламентарни избори.

Ова се очекува да биде и тема на денешната лидерска средба помеѓу Ковачевски и Мицковски најавена за 15 часот каде што ќе биде објавено компромисното решемие.

 

Related posts

Leave a Comment