Свет

Градот на Гадафи во рацете на генералот Хафтар

Либиската национална армија на Маршал Калифа Хафтар ја презеде контролата врз Сирт, соопшти портпарол на армијата.

„Либиската национална армија ја презеде контролата над градот“, изјави официјален претставник на либиската национална армија.

Во првата фаза од операцијата беше извршен поморски десант и завземано беше пристаништето.

Сирт, кој се наоѓа на бреговите на Средоземното Море, е најголемиот град во земјата. Поранешниот либиски претседател Муамер ел Гадафи е роден овде.

По соборувањето на Гадафи во 2011 година, Либија практично престана да функционира како обединета држава. Во моментов, на истокот на земјата на власт е парламентот изгласан од народот, додека во Триполи, на запад, на власт е влада формирана со поддршка на ООН и ЕУ – влада на национален договор.

Властите на истокот на земјата функционираат независно од Триполи и соработуваат со војската на Хафтар, која од април не престанува да се обидува да го освои Триполи.

Related posts

Leave a Comment