Култура

Олга Новачева – Громот му помага на громовникот Илија.Се ВЕЛИ дека тие заедно ќе грмнат – ,,За тебе Рацине,,

 

,,Познато е дека топонимот Велес го поврзуваат со називот Вила Зора, што подоцна стана погрешно докажувајќи дека се работи за некогашна Бела Зора која се наоѓала близу селото Кнежје, Светиниколско. Официјалните верзии или научните тези покажуваат дека ,,Велес или Волос е главен словенски бог на земјата, облаците, водите и на подземниот свет. Поврзан е со змејовите, добитокот, магијата, музиката, богатството и измамата. Тој е и противник на Перун громовникот и битката помеѓу нив двајцата го сочинува еден од најважните митови во словенската митологија. Етимологијата на Велес не е сосем јасна, главно бидејќи има две верзии на неговото име. Потеклото на неговото име се поврзува со пра-индоевропски збор „wel“, што значи волна. Како бог на стадата, ова толкување е логично,,. Во она што ни го сервисираат како логично станува нелогично. Погрешно ни зборуваат дека името на градот Велес доаѓа од божеството на шумата (словенско-лес) или божество на подземјето.
Дали е така? Се посомневал ли некој дали навистина е така?
Кога истражуваме некој топоним,обично се потпираме на пишани официјални информации без сомнение широко прифатени. Но навлегувајќи во изворот на зборовите ќе констатираме дека не е се така како што е запишано. Да го погледаме коренот на зборот Вел-ес. Вистината ни е пред очи, а ние се срамиме да ја погледаме или не можеме да ја поднесеме големината на зборот ВЕЛИ. Оти Велес е симбол на збор, на слово,на она што подразбираме како глагол,поим во дејство,кој ВЕЛИ,кој зборува,кој кажува, ни прикажува и кој прераскажува. Во Велес се ВЕЛИ, во Велес се говори. Иако во денешно време овој глагол во Велес ретко се користи,сепак неговата употреба во Македонија трае до денес. Кога се ВЕЛИ во неговото исконско значење се произнесува Словото и не случајно што Јовановото евангелие започнува со восхит кон Словото. Тоа е многу индикативно и сосема е сигурно дека оттука излегуваат нови најави и дека наскоро токму оттука ќе излезе некој силен про-глас. Громот му помага на громовникот Илија.Се ВЕЛИ дека тие заедно ќе грмнат.,,-
,,За тебе Рацине,,

 

Извадок од новата книга ,,За тебе Рацине,, – Олга Новачева

 

Related posts

Leave a Comment