Регион

Грција, двајца Албанци, Хрват и 100 килограми кокаин

Грчката полиција во соработка со Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА) заплени околу пет милиони евра и 104 килограми кокаин, во акција против албанска организација за криумчарење чии активности се истражуваат во шест европски земји.

Повеќе од 104 килограми кокаин се пронајдени во стан во предградие на Атина, соопшти грчката полиција. При претресот на стан кој му припаѓал на наводниот шеф на организацијата се пронајдени околу пет милиони евра.

Уапсени двајца албански државјани и еден Хрват.

Исто така, беше наведено дека покрај пакетот со дрога  бил пронајден ориз, како и дека голем број пакети биле пронајдени во рерна, што укажува на тоа дека кокаинот се намокрил за време на транспортот.

Иако не е точно утврдено, грчката полиција смета дека коаинот е со потекло од Јужна Америка

Related posts

Leave a Comment