Свет

Гувернерот на Њујорк : Нема да го послушам Трамп!

Trump finds someone to blame for coronavirus: Andrew Cuomo - The ...

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, без двоумење одговори на „диктаторската“ изјава на американскиот претседател Доналд Трапм дека апсолутната моќ е во негови раце и дека тој ќе одлучи за отворање на земјата и започнување економијата.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави денеска дека нема да почитува никаква наредба од американскиот претседател Доналд Трамп за започнување на економијата и  отварање на сојузните државите на начин кој не е безбеден за време на епидемијата на вирусот корона.

„Ако тој ми нареди да го сторам отворањето на начин што ќе го загрози јавното здравје на луѓето од мојата држава, јас нема да го сторам тоа“, рече Куомо во интервју за Си-Ен-Ен.

Трамп вчера рече дека верува во неговиот „тотален авторитет“ над државите во однос на одговор на вирусот „Корона“, кој не е подржан од Уставот и веднаш беше отфрлен од правните експерти, како и од поедини гувернери.

Куомо рече дека таквата наредба ќе претставува уставен предизвик за државите и сојузната администрација, која ќе заврши на суд.

„Најлошото можно нешто што тој може да го направи сега е да дејствува диктаторски, на едностран начин што предизвикува поделби. Држете ја политиката понастрана од ова“, рече гувернерот на Њујорк, државата која е најтешко погодена од епидемијата во САД.

Тој додаде дека основачите на САД веќе го решиле прашањето и дека тоа е запишано во Уставот.

„Тука пишува дека федералната администрација нема апсолутна власт. Пишува токму спротивно од она што го рече претседателот“, потенцираше Куомо.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД одамна го надмина црниот биланс во Италија и Шпанија и според најновите информации на страницата WorldoMeters е 23.462.

Во последните 24 часа во САД починале 1.357 лица, а пријавени се повеќе од 23.000 ново заразени.

Related posts

Leave a Comment