Анализа

ДАРКО ТОДОРОВСКИ: ГЕОПОЛИТИЧКАТА ВОЈНА НА ЗАПАДОТ ПРОТИВ РУСИЈА

Нема опис за фотографијата.

Денеска во февруарската сончева Москва, во Општествената палата на Руската Федерација се оддржа меѓународна конференција на тема „Геополитичката војна на Западот против Русија: украинскиот случај“. На конференцијата покрај моето присуство како единствен новинар и експерт од Балканот, присуствуваа експерти, политиколози, новинари од Русија, САД, Германија, Италија, Финска, Унгарија, Сингапур.

Додека целиот свет со нетрпение ја очекува разврската на ситуацијата околу Украина, на конференцијата се разговараше за следните прашања:

– може ли информациската војна меѓу Украина и Русија да прерасне во вистинска;

– улогата на Западот во поттикнувањето на информациската војна меѓу Русија и Украина;

– како САД информационо влијаат на Русија преку Украина;

– контр-хегемонија: основите на мултиполарноста – како да се спротиставиме на идеолошкиот модел на Западот?

Конференцијата свечено ја отвори Максим Григориев, директор на Фондацијата за проучување на демократијата, член на Општествената палата на Руската Федерација. Своето излагање тој го започна со зборовите „Западот смислено ја обвинува Русија дека ја напаѓа Украина, и користи и креира лажни вести за тоа. Русија е предмет на масовна пропаганда и се води тешка информативна војна против Русија. Западот постојано лаже, лажеше за хемиското оружје на Садам Хусеин, лажеше 16 години за тоа како Иран е на прагот на добивање на нуклеарна бомба, Западот преку Белите шлемови измисли хемиски напад во Дума, Сирија, за да го искористи како изговор за воена операција против Сирија. Но тој план не им успеа.“

Валериј Коровин, директор на Центарот за геополитички експертизи, го започна својот говор со директно прашање: дали Русија ќе може да ја избегне војната? „Западот поттикнува војна во Украина, бидејќи на Западот му е потребна оваа војна. Украина е потрошен материјал. САД веднаш спроведуваат неколку задачи, да ја елиминираат Русија како геополитички непријател и да ги свртат руските финансиски елити против Путин. Геополитички, на САД им е потребна оваа војна за да ја истуркаат Русија од Европа и да стават крај на геостратешкиот проект од Лисабон до Владивосток. Светот повторно влезе во судир на две цивилизации, копно – Русија и Кина и море – англосаксонците. За да не дојде до војна, потребна е тампон зона. Западот ја разбира само позицијата на сила. Ако Русија го предаде Донбас, следи Крим. Русија не смее да се повлече, бидејќи веќе нема каде да се повлече“.

Тим Керби, американски политички коментатор и новинар, го започна својот говор велејќи: „Се сеќавам на Студената војна. Американците тогаш ја поддржуваа американската политика и позиција и веруваа во американските вредности. Но, за прв пат по 30 години, американскиот систем на вредности пропадна. Имам умерен оптимизам за иднината. За САД да учествуваат во војната, потребен е катализатор, но јас не гледам таков. Ни треба конфликт на идеи и проекти, а не војна. Можеби звучам како Трамп, но САД треба да се вратат на вредностите што ги направија САД големи“.

Александар Малкевич, генерален директор на ТВ каналот Санкт Петербург, член на Општествената палата на Руската Федерација го започна својот доклад со зборовите „Русија веќе е обвинета дека е виновна за се. Во Европа, руските медиуми се уништуваат, почнувајќи од Летонија, Естонија, Литванија, Украина, Германија и Велика Британија. Русија мора да го заштити својот информациски суверенитет. Русија мора да создаде интегрален државен систем за промовирање на руските вредности во светот“.

Ниедна конференција не може да помине без темпераментните италјанци. Елисео Бертолази, аналитичар, антрополог и публицист од Италија имаше импресивен доклад „Украина постојано ги саботира договорите од Минск, но Западот ја обвини Русија дека е лош агресор на должност, бидејќи преместува војници на својата територија. На САД им е потребна војната на Европа против Русија, бидејќи ова е ситуација „win-win“ за американскиот воено-индустриски комплекс и продажбата на оружје и воен софтвер во Европа. Русија сака дијалог и нејзините интереси да бидат слушнати и почитувани. Во Италија и во Европа никој не зборува за страдањата на населението во Донбас. Таму војната трае веќе 8 години. Европа, која себеси се смета за центар на цивилизацијата и демократијата, молчи. Ова е срам за Европа!“

Прекрасната Дарија Платонова, експерт на Меѓународното евроазиско движење изјави „Во геополитичкиот простор се води војна со цел да се разнесат сите мостови меѓу Европа и Русија. САД и НАТО ја исцедуваат Европа. Франција, како и за време на Де Гол, се спротивставува на хегемонијата на САД. Русија треба да ги промовира традиционалните вредности во светот“.

Јохан Бакман, политиколог и новинар од Финска, во својот жесток доклад изјави: „За жал, во Европа сега се промовираат 2 идеологии – хомосексуалноста и русофобијата. Сè започна на Балтикот пред 12 години, кога на Русите им беше забрането да зборуваат руски. Сега оваа стратегија ја користи Украина. Дури и во Финска, која не е во НАТО, постои центар за спротивставување на хибридните закани на НАТО, кој всушност води информациска и хибридна војна против Русија. Целта на САД е нова железна завеса во Европа и поделба на Европа“.

Мауро Бералди од Италија – специјалист за италијанско-руски односи, шеф на Асоцијацијата Евроазија. „Англосаксонците победија во Втората светска војна, континентална Европа (Германија, Италија, Франција) загубија, и Англосаксонците ги ставија под строга контрола. САД ги контролираат информациските, финансиските, економските и енергетските текови и пазари денес. Во информациската војна која се води од страна на САД, неопходно е да се одговори со културна војна и да се премине во офанзива. Тие можеби имаат пари, но ние имаме идеи. Кој го контролира умот на луѓето – го контролира општеството“.

Леонид Савин, главен уредник на порталот Geopolitica.ru имаше краток доклад и изјави „САД и Велика Британија започнаа хибридна војна во земји кои се пријателски настроени кон Русија. Лондон потроши 802 милиони фунти за создавање прокси медиуми во Европа и Азија кои работат против Русија“.

Џон Марк Дуган, кој служел во американската морнарица и сега е политички коментатор и блогер, имаше блескав извештај и го обвини Бајден дека сака да предизвика Трета Светска Војна. „По срамот во Авганистан, САД ја започнаа кризата во Украина. Светот влезе во Студената војна 2.0 благодарение на Бајден. На американскиот воено-индустриски комплекс секогаш му требаат војни и конфликти за да продава оружје. На Бајден и неговата администрација не им е грижа за демократијата бидејќи ги всадуваат и промовираат нетрадиционалните вредности, хомосексуалноста и трангедерноста во САД и светот, дури и во американската војска. Русија мора да ги заштити традиционалните вредности“.

Стивен Еберт, новинар од САД имаше онлајн обраќање „Светскиот поредок што се воспостави по распадот на СССР се урива. Тоа е крај на една ера и почеток на друга. САД го зазедоа местото на Британската империја пред 80 години. Но, денес сме сведоци на падот на Американската империја“.

Сите учесници едногласно се согласуваат дека ескалацијата на ситуацијата со „неизбежната инвазија“ на Украина е најголемата американска информативна специјална операција против Русија. Оваа специјална операција е дизајнирана да ги мобилизира земјите на НАТО, да ја консолидира Алијансата и целиот Запад и да ја демонизира Русија пред целиот свет. САД ја користат ситуацијата околу Украина за постојано распоредување на воени контингенти, оружје и опрема во Европа. Граѓаните на Европа мора да се спротивстават на тоа.

Дарко Тодоровски Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Related posts

1 comment

Leave a Comment