Свет

Двајца хрватски морнари загинаа во тешка несреќа на Атлантикот

 

Дубровничката поморска компанија Атлантска пловидба објави дека трагичната несреќа се случила на нејзиниот брод Дубрава во јужниот Атлантик, при што загинале двајца членови на екипажот, додека двајца биле повредени.

Бродот го прекина комерцијалното патување и се упати кон најблиското пристаниште во Тубарао, Бразил,од  кое во времето на несреќата беше одалечен околу 150 милји, соопшти компанијата.

Двајцата повредени се во стабилна состојба, а двајца членови на екипажот не даваат знаци на живот, објави Атлантска пловидба а пренесе ХИНА.

Анализата на настаните и причините ќе бидат утврдени од страна на надлежните органи на Маршалските Острови на бродот под чие знаме плови, и чиј инспектор ќе го пречека бродот во пристаништето во Тубарао, Бразил. Семејствата на членовите на екипажот се информирани за несреќата.

 

Related posts

Leave a Comment