Протестите беснеат низ Канада од средината на јануари, при што илјадници возачи на камиони и други демонстранти се противат на задолжителната вакцинација за камионџиите кои ја преминуваат границата меѓу САД и Канада.
Канадските демонстранти кои бараат укинување на правилата за задолжителна вакцинација против Ковид 19 го блокираа мостот „Амбасадор“ што ги поврзува американскиот град Детроит и канадскиот град Виндзор, соопшти денеска провинциската полиција на Онтарио.
Windsor, the Ambassador Bridge closed due to the protest of the truckers. After Coutts, another strategic US – Canada border crossing is blocked. pic.twitter.com/9wbjirVWqv
— RadioGenova (@RadioGenova) February 8, 2022
„На возачите кои се движат кон граничната точка на мостот Амбасадор во правец на запад им се препорачува да планираат алтернативна рута до границата поради тековните демонстративни активности во областа Виндзор“, објави полицијата на Твитер.
Канадската телевизија „CBC News“ јави дека мостот бил блокиран синоќа. Во извештајот се наведува дека демонстрантите рекле дека нема да го напуштат мостот, туку оставиле една линија отворена за сообраќај за преминување на границата меѓу САД и Канада.
This is the scene at the Ambassador bridge crossing. Canada bound traffic stopped by protesters – seems like US bound is still flowing. @CBCWindsor pic.twitter.com/e5OhADRX0D
— Jacob Barker (@JacobBarkerCBC) February 7, 2022
Сепак, сообраќајот наводно е густ, а некои камиони се заглавени на мостот со часови.
I’m at Huron Church and College – where the Ambassador Bridge exists to Canada in Windsor, Ontario.
I have not seen more than 5 transport trucks move from this spot since I arrived around 7 tonight. pic.twitter.com/nU0fAZS3oj
— Chris Ensing (@ChrisEnsingCBC) February 8, 2022
Телевизијата, исто така, ја цитираше канадската гранична служба дека на сите возачи им било советувано да ја преминат границата преку тунел на 4,5 километри источно од мостот.
Протестите беснеат низ Канада од средината на јануари, при што илјадници возачи на камиони и други демонстранти се противат на задолжителната вакцинација за камионџиите кои ја минуваат границата меѓу САД и Канада.
Протестите овој викенд вклучуваа политички слогани против канадскиот премиер Џастин Трудо. Градоначалникот на Отава прогласи вонредна состојба во неделата на 6 февруари, а Трудо беше префрлен од Отава во неговата блиска летна резиденција од безбедносни причини.