Македонија

Денес е денот на Македонските и Сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Свети Кирил и Методиј - Документарен филм » opserver.mk

Денес е денот кога го прославуваме делотона македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Браќата Кирил и Методиј Солунски се родени и пораснати во Солун, Егејска Македонија од угледно и богато семејство, татко Лав и мајка Марија. Методиј е роден во 826 год.

Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, Методиј на 20 годишна возраст, од визнтискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – Брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија.

Константин, познат под монашкото име Кирил, бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет (Магнаурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован стекнал голема доверба на византискиот двор.

Во почетокот на 9 век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска во Pомеиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун, Егејска Македонија.
Методиј е убиен во германскиот град Елванген, отруен во тамошниот затвор, после долги години одлежани во подрумските зандани.
Тој е уапсен по налог на архиепископот Алдвин. Потоа бил однесен во Регенсбург и таму бил измачуван, долго, со страшните методи на средновековното мачење на затвореници. Потоа бил фрлен во занданите на островот Рајхенау, а потоа во Елванген.

Имињата на лицата кои што го измачувале Методиј се Лудвиг Германецот, Карлман, Адалвин и Ерменрих од Пасау. Кирил е убиен во Рим. Истиот тој Рим, кој од памтивек ја прогонува Светлината за да ја замрачи, истиот Рим кој се дави во крвта, која што од памтивек ја пролева. Кирил и Методиј живееле и умреле за својот јазик, идентитет и светоглед, нераскинливите делови од едно Цело. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Вечна ви слава браќа македонски за описменувањето и светлината што му ја оставивте на светот!

Related posts

Leave a Comment