Свет

Денеска во Виена големи протести против ковид мерките и задолжителната вакцинација! Распоредени 1200 полицајци

 

Центарот во Виена попладнево ќе биде целосно блокиран поради бројните протести на противниците на мерките за Ковид и задолжителната вакцинација

Полицијата соопшти дека ќе има 1.200 службеници за спроведување на законот на улиците, а пријавени се вкупно 27 протести. Најголемиот собир се очекува на плоштадот Хелденплац, кој беше најавен од Партијата на слободата на Австрија (ФПО), како и пред две недели кога се собраа десетици илјади луѓе.

Беше објавен и митинг против „здравствениот фашизам“ пред австриската влада. Овој пат, поворката од демонстранти нема да оди само низ улиците на строгиот центар на Виена, туку е регистриран еден собир со прошетка од Гиртл до Операта.

На централниот плоштад во Виена, Штефансплац, закажан е протест на повеќе групи против фашизмот поради влијанието на неонацистите во демонстрациите против мерките за корона.

„Со сето разбирање за стравот од вирусот, немаме разбирање за слоганите кои го релативизираат холокаустот и се занимаваат со ревизија на историјата. Немаме разбирање за оние кои одат зад десничарски транспаренти“, велат организаторите.

Овојпат поради овој протест полицијата ќе мора да направи тампон зона меѓу учесниците на различни собири и на тој начин да ги спречи можните конфликти. Бидејќи на социјалните мрежи постојано кружат закани за напади врз болниците поради вакцинацијата, полицијата го засилила надзорот над тие објекти, како и на другите критични инфраструктури.

Related posts

Leave a Comment