Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, го повика НАТО да соработува со земјите ширум светот во борба против пандемијата на корона вирусот, особено наведувајќи ја Русија, јави Анса
Ди Мајо ова го изјави за време на видео конференцијата на министрите за надворешни работи на НАТО.
– Ние минуваме низ најсериозната криза од Втората светска војна. Луѓето очекуваат наше ефективно дејствување. Солидарноста и соработката на меѓународно ниво се исклучително важни и неопходни затоа што само заедно можеме да го запреме вирусот – рече Ди Мајо.Тој ја истакна важноста за обезбедување соработка со Русија.
Ди Мајо истакна дека НАТО може да игра централна улога во оваа ситуација со зачувување на единството и дијалогот низ меѓународната заедница, бидејќи пандемијата е глобална и влијае на сите, пренесе ТАСС.