Франција , земја на штрајкови и протести
И денес како претходните денови, францускиот народ организиран преку синдикалните организации, е на улица со цел бранење на сопствените барања за подобра пензија .
Веќе шести ден како државата е парализирана со штрајкови скоро во сите домени, транспорт, просвета, здравство, индустрија….
Макрон се наоѓа во позиција на дефанзива и неговата предвидена реформа во пензискиот систем е сериозно загрозена .
Утрешниот ден ќе биде од посебно значење кога престои преставување на предложената реформа која всушност е и сржта на отпочнувањето на немирите.
Која е корелацијата и интересот за македонската јавност поврзана со настаните во Франција?
Секоја влада па и француската , во најголема мерка зависи од мислењето и односот на народот по одредено прашање. Колку повеќе тој расчекор е голем, толку повеќе немирот и отпорот на народот е пропорционален. Доколку народот успее со протестите да ја парализира државата , тогаш владата неминовно бара решение за одмрзнување и ослободување на државата од блокадите и парализата. Доколку тој отпор е мал и незначителен, “владетелот “ продолжува со реализација на својата агенда .
Ако во Франција народот ја блокира државата со денови и месеци (преку жолтите елеци ) тоа е како резултат на неговата верба во реализацијата на своите барања .
Во Македонија народот сеуште недоволно дораснат , очекува решение и милост од самите тие што го уценуваат и потчинуваат . Тоа е како резултат на историјата , традицијата и ( не)искуството со синдикални цврсти организации.
Резултатот е секако таков како што е.
Поуката од немирниот француски народ е заложбата и непокорот кон владетелот . Упорност, организираност и верба во идеалот на борбата е клучот на македонската разврска.
Партиите учесници во политичкиот процес не се на висина на проблемите наметнати во општеството и решението треба да дојде од анонимниот и угнетен освестен Македонец.
Колку побрз отпор и отпочнување на организирани секојдневни протести против злото надвиснато над македонското небо, толку повеќе надеж и можности за возвраќањето на Македонија на Македонците.
Да му подадеме рака на францускиот народ за да и тој го стори истото за нас.
Vive la France ( pas Macron)
Vive la Macédoine ( pas les nordiques)
Драган Стоилпвски