Конечната разврска меѓу суверенистичката и глобалистичка стратегија е во полн замав што последиците ќе ги чувствуваме наскоро и кај нас. Зависи само од политичката номенклатура дали предвреме и навреме ќе умее да го сврти Титаник во спасувачка насока .
Судејќи по формацијата на досегашниве кормилари и нивната тврдоглава заколнетост кон ЕУ по секоја цена , бродот оди во погрешна насока.
Чистењето на троскотот е во полна фаза во САД и последиците се чувствуваат веќе во Украина, Италија…
Поставување на “ СЈО “ кај бившиот Порошенко е идентично на нашето , исти актери ….
Проблемот во нашиот случај е што и двете политички парламентарни опоненти се во скутот на тој ист троскот што сега се корне од земја.
А обичниот партиски послушник тоа не го гледа и по цената и на својот живот ќе го “одмазди”својот претпоставен .
Dommage, што би рекле Французите !
Освестување и просветување или пак исчезнување од картата на народите. Трето не постои.
Драган Стоиловски