Енергетските санкции на Европската унија против Москва се свртеа против жителите на Европа и ја збогатија Руската Федерација. Ова на BFMTV го изјави европратеникот Џордан Бардела, кандидат за претседател на десничарската партија на Франција „Национално обединување“ чиј актуелен лидер е Мари Ле Пен.
Така, Бардела сугерираше дека по воведувањето на енергетските санкции на ЕУ, Русија „се дави во пари“.
„Денес гледаме дека енергетските санкции наметнати на Русија се многу поболни за францускиот народ отколку за Русија… Да бидеме искрени: овие санкции и помогнаа на Русија да се збогати “, рече тој.
Европратеникот истакна дека доколку се прекине испораката на гас од Русија, Франција и Германија „ќе се најдат во многу тешка ситуација“.