СветХРОНИКА

Еден загинат, тројца повредени откако студент отвори оган во колеџ на Далечниот исток на Русија(ВИДЕО)

Најмалку еден загинат, а тројца се повредени кога 19-годишен студент пукал кон соучениците, а потоа се самоубил, на колеџ во рускиот град Благовешченск.

Вооружен со пушка,  напаѓачоот отворил оган во својот клас. Тој сериозно повредил неколку лица, а едно лице им подлегнало на повредите. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, напаѓачот одбил да се предаде и го свртел пиштолот кон себе.

“Телата на две лица, вклучувајќи го и напаѓачот, беа пронајдени на местото на настанот. Три лица се повредени во пукање на колеџ. Двајца тинејџери и еден млад човек се повредени”, рече локалниот министер за здравство.

Полицијата е сè уште на местото на злосторството, според снимките од местото на настанот направени од очевидци. Друго видео објавено на социјалните мрежи, покажува повреден млад човек како лежи на подот.

Инспекторите допрва треба да ги утврдат точните мотиви за нападот, но првичните извештаи покажуваат дека на престрелката му претходеле расправија и анимозитет меѓу колегите на колеџот.

Другите непотврдени извештаи наведуваат дека напаѓачот бил исфрлен од час затоа што доцнел, но потоа се вратил со оружје и почнал да пука.

Законите за огнено оружје на Русија им овозможуваат на приватните граѓани над 18 години да добијат дозволи за оружје за самоодбрана, спорт,ловно оружје, како и оружје за колекционери.

Related posts

Leave a Comment