Министерството за одбрана на Русија објави видео од десантот на руските сили и заземањето на еден од аеродромите на територијата на Украина.
На видеото се гледа како руските воздухопловни сили слетуваат од хеликоптер и организираат кружна одбрана околу аеродромот за да се обезбеди пристигнување на остатокот од руските сили.
Покрај автоматско оружје, руските воени десантни сили се опремени и со противтенковски комплекси и минофрлачи.
„Посебно внимание на командантите за време на планирањето на операцијата беше посветено на зачувување на цивилите и цивилните објекти лоцирани во близина на аеродромот“, се вели во соопштението на руското воено одделение.