Свет

Експлозија во џамија во Авганистан, повеќе од 60 мртви

 

Најмалку 62 лица загинаа, а сто беа повредени во експлозија на бомба во џамија во Авганистан за време на молитвата во петокот.

Членот на покраинскиот совет Сохраб Кадери изјави дека бројот на жртвите може да биде поголем бидејќи спасувачките екипи ги бараат телата на загинатите во урнатините “, пренесе Ројтерс .

Портпаролот на генералниот гувернер на Нангархар Атахула Коџани порано изјави дека меѓу жртвите имало деца, соопшти АП.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а американската агенција забележува дека и Талибанците и Исламската држава се активни во источен Авганистан.

Related posts

Leave a Comment