Свет

Елтон Џон вознемирен од коментарот на рускиот претседател Владимир Путин дека либералните вредности се “застарени”

Британскиот пејач Елтон Џон во петокот рече дека е длабоко вознемирен од коментарот на рускиот претседател Владимир Путин дека либералните вредности се “застарени” и дека биле одбиени од страна на мнозинството луѓе во западните земји.

 

 

 

Во интервју за весникот “Фајненшл тајмс”, Путин рече дека германската канцеларка Ангела Меркел погрешила со усвојувањето либерална политика кон имигрантите од Блискиот Исток.

“Либералната идеја претпоставува дека ништо не треба да се прави. Мигрантите можат да убиваат, ограбуваат и силуваат неказнето, бидејќи нивните права како мигранти мора да бидат заштитени. Какви се овие права? Секој криминал мора да има казна “, рече Путин во интервјуто.

“Значи, либералната идеја стана застарена. Таа е во конфликт со интересите на огромното мнозинство на населението “, рече Путин.

Елтон Џон, во изјавата објавена во петокот, упатена до Путин, рече дека е вознемирен од коментарите во интервјуто.

“Силно не се согласувам со вашето мислење дека спроведувањето на политиките кои ја прифаќаат мултикултурната и сексуалната разновидност во нашите општества се застарени “, рече пејачот.

Џон, кој е хомосексуалец, исто така го обвини Путин за хипокризија зошто  во истото интервју велеше дека сака луѓето од ЛГБТ заедницата  да бидат среќни. Русија, наводно, ги цензурирала геј сцените во филмот “Ракетмен” снимен врз основа на животот на Џон.

“Ова ми изгледа на лицемерство”, рече Џон.

Путин рече дека Русија не е фотофобична, но дека подготвеноста на Западот да ја прифати хомосексуалноста и родовата флуидност се чинат претерани за него.

Џон (72), истакнат активист за правата на хомосексуалците, претходно се изјасни против законот од 2013 година за забрана на промовирање на хомосексуалноста на малолетници.

Во 2015 година, Путин рече дека ќе биде подготвен да се сретне со Џон. Иако пејачот имаше  концерт во Москва во мај 2016 година,  состанокот со Путин не се одржа.

Related posts

Leave a Comment