Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно и се закани на Грција со воен одговор.
Ердоган ги предупреди дека во случај да продолжат провокациите, бидејќи неодамна турските воени авиони беа цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.
„Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и закани упатени кон нас, еден ден ќе го изгубиме трпението.
Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи“, рече Ердоган на прес-конференција во Сараево, на прашањето за последниот спор со Грција.
Системите за противвоздушна одбрана С-300, кои ги користи Грција, беа насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островот во Егејското Море.„Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.
Стари рани
На 30 август Турција го прослави националниот празник Ден на победата, кој го одбележува споменот на турските сили кои ги протераа грчките воени сили во 1922 година.
Анкара потсети дека егејските острови и се предадени на Грција во согласност со договорите од 1923 и 1947 година, но под услов да не ги вооружуваат.
Односите меѓу Грција и Турција беа во состојба на постојано влошување во последните десет години, а во 2020 година тие ескалираа до степен на воен конфликт кога двете земји испратија бродови во спорните води на источниот Медитеран.
Ердоган на почетокот на јуни и се закани на Грција од истите причини, што предизвика загриженост кај меѓународната заедница.
Милитаризацијата на грчките острови во источното Егејско Море беше забранета според Договорот од Лозана од 1923 година и Договорот од Париз од 1947 година.
Атина тврди дека грчки војници се распоредени на островите за да ги бранат од бродови кои им се приближуваат од западниот, турски брег.