Политичката изолација на Русија ќе доведе до сериозни последици за европските земји, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за телевизијата „Росија 1“.
,,Цената ќе биде неверојатна. А Европа ќе плати најмногу за таа цена, а заедно со неа и Полска“, рече тој, пренесува N1.
Турскиот лидер претходно подвлече дека Западот, на чело со Соединетите Американски Држави, ја напаѓа Русија без никакви ограничувања, поради што Москва мора да се спротивстави.
Тој изјави дека нејзините акции во Украина не биле случајни, бидејќи им претходеле акциите на НАТО, пренесува телевизијата „Росија 1“.
Ердоган претходно изјави дека контактите меѓу шефовите на руската и американската разузнавачка служба во Турција одиграле клучна улога во спречувањето на неконтролирана ситуација на теренот.