Заканата од иранскиот генерал ја надминува заканата од реакцијата на Иран доколку тој биде убиен, изјави директорката на ЦИА, Џина Хаспел, советувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп неколку дена пред да биде убиен генералот Касем Сулејмани, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на официјални претставници на САД. Оваа жена, се испостави исто така дека беше во можност целосно да ја предвиди реакцијата на Иран.
Се покажа дека Џина Хаспел навистина го предвидела ракетирањето на американските бази во Ирак како најверојатна реакција на Иран, што е токму она што се случи во вторникот.
Иако Хаспелова официјално не заземаше став за или против генералот Касем Сулејмани,официјалните лица кои ја слушнаа нејзината анализа беа убедени дека ЦИА верува дека неговата ликвидација само ќе ги зајакне, а не ослабне, позициите на САД и безбедноста на Блискиот исток. се вели во написот на „Њујорк Тајмс“.
Во деновите по атентатот на Сулејмани, претседателот Трамп и неговите соработници се соочија со порој на спротивставени информации. Џина Хаспел, од седиштето на ЦИА во Западна Вирџинија, исто така, ја следеше и видео-врската со претставниците на Белата куќа.Американско разузнавачко предупредување дека ирански напад врз американските трупи е скоро извесен пристигна во вторникот во два часот попладне по локално време. Претходно имало различни сценарија за можна одмазда на Иран за убиството на Сулејмани : ракетни напади, терористички напади врз Американци на друго место на Блискиот исток, па дури и предупредување дека стотици ирански милиции поддржани од Иран можат да ја нападнат базата на воздухопловните сили „Ал Асад“.
Сепак, спецификите на најновиот разговор за разузнавање ги испрати потпретседателот Мајк Пенс и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан веднаш во подрумот на западното крило на Белата куќа, каде, по брзата средба со грчкиот премиер Мицотакис, им се придружи и Доналд Трамп .
Три часа подоцна, балистички проектили паднаа во две бази во Ирак, вклучувајќи ја и Ал Асад. Пентагон наскоро ја откри првата од 16 ракети со краток и среден дострел ,,фатех110″ и ,,шабаб” истрелани од три локации во Иран.
Неколку проектили истрелани кон Ал Асад, предизвикале само минимална штета. Неколку минути подоцна, ракетите ја погодија Воздушната база Ербил. Немаше идентификувано никаква штета таму, и веднаш беше јасно дека нема жртви и повредени.
Трамп и неговите соработници ја поминаа ноќта заедно со воените стратези, разгледувајќи ја можноста да се одмаздат на Иран доколку има мртви американски војници.
Навремените предупредувања од разузнавањето придонеле за фактот дека ракетите уништиле празни хангари и оштетени авиони и дека не се убиени ниту еден американски или ирачки војник, пренесува Њујорк Тајмс.
Трамп потоа излезе во пресрет на печатот и во обраќањето до нацијата рече дека “се чини дека Иран се повлекува” .Зошто иранските напади направиле толку мала штета? Трамп ова го припиша на „преземените мерки на претпазливост, прераспоредувањето на силите и навремено предупредување“.