Министерството за одбрана на Русија претстави видео од ракетните напади на хеликоптерот Ми-28Н врз позициите на вооружените сили на Украина.
Руското Министерство за одбрана објави снимка од напад на хеликоптер Ми-28Н, попознат како Ноќен ловец, врз украинската воена опрема.
Според Министерството, за време на мисијата на летот бил откриен противвоздушен ракетен систем. Хеликоптери на воената авијација ги уништија позициите на непријателските единици камуфлирани во шумското подрачје.