Регион

Жестоки навреди за Вучиќ од Русија: „Тој е обична политичка проститутка, лажеше за се“

Вучич заявил, что Сербия не будет признавать Косово

Србија, како и Македонија, во Генералното собрание на ОН гласаа „за“ осуда на Русија за анексија на четири украински региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија , налутено објави Владимир Соловјов, еден од најголемите подржувачи на Владимир Путин, покрај фотографијата на српскиот претседател Александар Вучиќ како очајно седи на столот спроти тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа.

Инаку, Соловјов најмногу инсистира на употреба на нуклеарно оружје , а на Западот му порача дека „ќе ги избрише од лицето на земјата “. Провладиниот руски воен аналитичар Јуриј Котенок беше уште поостар кон Вучиќ . 

„Србија гласаше против Русија во ОН, што значи дека Вучиќ е марионета , а тој се заколна дека никогаш нема да воведе санкции кон Русија. Дијагноза – политичка проститутка!“, напиша тој на својот Твитер профил. 

Околу 70 отсто од сите инвестиции во Србија доаѓаат од нејзиното природно, географско опкружување, Европската Унија. Пред се од Германија, а потоа и од Италија.

Само околу десет проценти доаѓаат од Русија , исто толку од Кина. Неколку проценти пристигнуваат од остатокот од светот. Значи, се е јасно, а Вучиќ тоа добро го знае. Но, Русија му е важна поради изворите на енергија и поврзаноста на српската нација со Русија. 

Затоа Вучиќ долго време се обидува да седне на две столчиња . Унијата, од една страна, дискретно дава до знаење дека европските инвеститори би можеле да се повлечат од Србија доколку таа земја не се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија, а од друга, сосема недискретно, вели дека нема да напредува на патот кон Унијата без воведување санкции.

Но, тоа значи да се оди против Русија. Без евтин руски гас, Србија е помалку конкурентна.

Related posts

Leave a Comment